Дома Фудбал Динамо во проблеми: Се повреди и Адеми

Динамо во проблеми: Се повреди и Адеми

Македонскиот фудбалер, Аријан Адеми нема да биде во можност да му помогне на Динамо Загреб во натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

Минатата недела Динамо се соочи со повредата на Петар Сучиќ, а сега тренерот Ненад Бјелица поторно доби лоши вести.

Покрај Адеми повреда има и Петар Мишиќ од средниот ред. Освен за натпреварот со Борусија, настапот на Сучиќ и Адеми е неизвесен и за хрватското дерби со Хајдук в недела.

Во таква ситуација тренерот Бјелица ќе мора да импровизира во средниот ред бидејќи на располагање му се само Батурина, Качавенда, Стојковиќ и Рог.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Келси се врати со два гола, Ренџерс со „четворка“ му се приближи на Селтик

Ренџерс го совлада Сент Џонстон со 4-0 на „Ајброкс“ и стигна до седмата победа во последни…