Дома Фудбал Англија Не помогна и евроголот на Кејн: И Лигата на Европа сега е далеку за Тотенхем! 🎥

Не помогна и евроголот на Кејн: И Лигата на Европа сега е далеку за Тотенхем! 🎥

Тимот на Брентфорд стигна до важна победа од 1:3 против Тотенхем во денешниот натпревар од Премиер лигата. За „петлите“ ова беше последен домашен натпревар во сезоната, а навивачите во него немаа причина за радост.

Играше Тотенхем денес само во првото полувреме кога Кејн постигна и еден фантастичен гол од слободен удар за водство. Создадоа фудбалерите на Тотенхем и уште неколку прилики, меѓутоа тој гол на Кејн беше единствениот во првото полувреме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во вториот дел играта на домаќините целосно падна, а Брентфорд знаеше тоа да го искористи и го сврти резултатот во своја корист. Ембуемо постигна два гола во 51-та и 62-та минута, додека при третиот гол во 88-та минута имаше улога на асистент.

Брентфорд со овие три бода е деветти со 56 бода и се уште има теоретски шанси за излез во Европа, но ќе мора да победи во последното коло против Манчестер Сити. Тотенхем е седми со 57 бода и се уште има шанси за Лига Европа, но минимални. Брајтон е шести со бод повеќе и два натпревари помалку, а со ист број на бодови како и Тотенхем е и Астон Вила која има еден натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сите клаузули во договорот на Реал за Ендрик, многу важат до 2030 година

На 12 декември 2022 година, Реал Мадрид го најави потпишувањето на договорот со Ендрик од …