Дома Фудбал Италија Џабе беше голот со пета на Иличиќ, СПАЛ ја шокираше Аталанта (ВИДЕО)

Џабе беше голот со пета на Иличиќ, СПАЛ ја шокираше Аталанта (ВИДЕО)

Со вечерашниот натпревар помеѓу Аталанта и СПАЛ затворено беше 20. коло во Серија А. Аталанта беше домаќин и голем фаворит, но СПАЛ приреди изненадување и славеше со резултат 1:2.

СПАЛ овој натпревар го дочека на последното место на табелата, но со овие три бода дојде до 18. позиција на табелата.

Аталанта во 16. минута преку Гомез повлече контра и испрати топка кон Запата на левото крило. Запата одлично проби и нафрли, а Јосип Иличиќ мајсторски  со пета ја смести топката во голот на СПАЛ за водство на 1:0.

Како што натпреварот изминуваше СПАЛ играше се подобро и напаѓаше. Таквата игра им се исплатеше во второто полувреме кога направија пресврт.

Се играше 54. минута кога Рец одлично проби по левата страна и уфрли во петерецот каде што го пронајде Петања кој погоди за 1:1. Само шест минути подоцна СПАЛ стигна до предност. Валоти одлично се избори за простор и испрати удар од работ на казнетиот простор. Ударот беше доволно прецизен и СПАЛ стигна до предност.

Аталанта се обиде да возрати, опасно се закнуваа Пашалиќ, Запата, Иличиќ, Де Рон…Но резултатот не се промени, па СПАЛ однесе важна победа.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатна грешка на Ноер за која долго ќе се зборува (видео)

Баерн Минхен го пречекува „фенерџијата“ Падерборн и на полувремето резултатот е 1:1. Домаќ…