Дома Трансфер зона Њукасл се засили од директниот ривал во борбата за опстанок

Њукасл се засили од директниот ривал во борбата за опстанок

Екипата на Њукасл денес го комплетираше трансферот на Крис Вуд кој пристигнува од редовите на Барнли.

Вуд за Њукасл е второ засилување, претходно пристигна Киеран Трипиер. Интересно е што Вуд пристигнува од директниот ривал на Њукасл во борбата за опстанок Барнли. Њукасл е на 19-та позиција со 11 бодови, додека Барнли е едно место погоре, но со ист број на бодови. Сепак треба да се спомене дека Њукасл има два натпревари повеќе.

„Неколку пати сум играл на Сент Џејмс Парк и ова е еден фантастичен стадион. Среќен сум што ќе можам да го претставувам овој клуб пред овие неверојатни навивачи“, изјави Вуд.

Њукасл на Барнли за овој трансфер му исплати 25 милиони евра, а Вуд потпиша договор на две ипол години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила доведе големо засилување од 45 милиони евра

Завршен е првиот трансфер на звучно име во англиската Премиер лига за следната сезона. Бра…