Дома Останати Ракомет Љубовта пред Лигата на шампионите: Толедо поради девојката си заминува од Вардар

Љубовта пред Лигата на шампионите: Толедо поради девојката си заминува од Вардар

Романскиот тим Баја Маре ќе биде нова дестинација на бразилскиот десен бек од Вардар, Хозе Толедо.

Хозе Толедо требаше да биде големо засилување за Вардар и за него доаѓањето во Скопје од Висла Плок можеше да биде чекор напред во кариерата. Сепак, повредата и прераниот крај на сезоната го спречија да ги покаже своите квалитети.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Главна причина за трансферот на Толедо во Баја Маре е што неговата девојка Лариса Арохо од наредната сезона ќе игра во истиот тим. Очигледно љубовта кон девојката на Толедо била посилна од желбата да биде дел од „новиот“ Вардар на Михајловски.

Спортски гледано ова е чекор назад во неговата кариера бидејќи од тим кој е дел од Лигата на шампионите, Толедо оди во третопласираната екипа во Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пивара Скопје и РФМ одбележуваат 45 години партнерство

Пивара Скопје и Ракометната федерација на Македонија официјално го потпишаадоговорот за сп…