Дома Останати Кошарка Јокиќ уште еднаш покажа зошто е eден од најдобрите на светот, Србинот сам го сруши Кари!

Јокиќ уште еднаш покажа зошто е eден од најдобрите на светот, Србинот сам го сруши Кари!

Кошаркарите на Денвер Нагетс продолжија да играат променливи игри и потврдија дека не се во одлична форма, но на крајот го совладаа Голден Стејт со 119:115, која е четврта победа за тимот во последните девет натпревари.

Екипата од Колорадо прилично им даде измешани емоции на своите навивачи, видовме натпревар со неколку пресврти, и лоши и добри моменти, а на крајот домаќинот подобро се снајде.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Никола Јокиќ постигна 38 поени со десет скока, шест асистенции и пет украдени топки.

По почетното водство, домашните губеа со 54:42 во втората четвртина, но во третата четвртина поведоа со 81:73, но тоа не беше знак за подобра минутажа на крајот од играта, напротив.

Последниот период повторно изобилуваше со пресврти, во еден момент гостинската екипа имаше предност од дури 109:98 и прашање беше дали кошаркарите на Денвер можат да се вратат во мечот. На сцена настапи Јокиќ, кој практично сам направи пресврт.

Во директната пресметка со Кари, Никола Јокиќ беше подобар бидејќи Американецот постигна 24 поени, а имаше и седум скока и 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ со трипл-дабл за три четвртини ја скрши Филаделфија (Видео)

Кошаркарите на Денвер победија ноќеска на свој терен против Филаделфија со 144:109, со што…