Дома Трансфер зона Јунајтед тргнува по соиграчот на Алиоски

Јунајтед тргнува по соиграчот на Алиоски

Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


24-годишното десно крило Рафиња ја игра првата сезона во Лидс и веднаш го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Бразилецот од почетокот на сезоната има постигнато 8 гола и 10 асистенции за Лидс. Во Манчестер Јунатед сметаат дека тој ќе биде идеален партнер на Бруно Фернандеш бидејќи двајцата беа соиграчи во Спортинг Лисабон.

Меѓутоа, Јунајтед треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за неговиот потпис интерес покажува и Ливерпу.

Лидс за потписот на Рафиња минатото лето плати 20 милиони евра, а неговата цена оваа сезона значително се зголеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…