Дома Фудбал Англија Јунајтед во потрага по десен бек, две опции се на маса

Јунајтед во потрага по десен бек, две опции се на маса

0

Екипата од Олд Трафорд ова лето после цели 10 години ќе ја напушти Антонио Валенсија со чие заминување ќе остане испразнето местото десен бек.

Неговиот договор со Јунајтед истекува ова лето, а веќе од поодамна се шпекулира дека тоа и официјално ќе биде крај на соработката со великанот од Олд Трафорд.

Овој 33-годишен играч објави фотографија од трибината Алекс Фергусон со наслов „Благодарам“, што е јасен знам дека после 10 години ќе го напушти клубот.

Со неговото заминување ќе остане голема празнина во одбраната на Јунајтед на таа позоција па од клубот одлучиле да тргнат во потрага за негова замена.

Не е тајна дека прва желба на Црвените ѓаволи ова лето е бекот на Кристал Палас, Ван-Бисак кој зад себе има одлична сезона во дресот на лондонскиот тим.

Испратиле и понуда вредна 45 милиони евра, но истата е веднаш одбиена бидејќи Палас бара 20 милиони повеќе. Доколку преговорите за овој трансфер пропаднат, Јунајтед ќе се сврти кон алтернативата.

Една од алтернативите е бекот на Норвич, Макс Аронс, играч кој исто така одигра одлична сезона во која беше прогласен за најдобар млад играч во Чемпионшип.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„А Бола“: Реал Мадрид спрема изненадување!

Иако Бруно Фернандеш беше на чекор од Манчестер Јунајтед, трансферот не се реализираше. Се…