Јулијан Дракслер во овој преоден рок би можел да ја напушти екипата на ПСЖ, а за неговиот потпис би можеле да се борат неколку екипи.
Според информациите како што пренесуваат француските медиуми, Дракслер е најблиску до преминување во англиската Премиер Лигата, поточно во тимот на Алиоски, Лидс.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Наводно, челниците на овој клуб го контактирале Дракслер за да му ја претстават идејат и Дракслер изгледа има желба да премине во овој клуб.
Дракслер е во последната година од договорот со ПСЖ и ова е последна шанса клубот нешто на него да заработи.
Личните услови Дракслер ги договорил и сега се чека договорот помеѓу двата клуба.