
Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓
Јувентус спрема реконструкција на средниот ред и ќе ја отвори вратата на некои фудбалери од тимот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „жртва“ може да биде Винстон Мекени кој ќе биде ставен на трансфер пазарот.
Со враќањето на Погба на терените, Мекени ќе добива уште помала минутажа, па Алегри дал зелено светло за негова продажба.
Американецот исто така е спремен да ја промени средината, а интерес за него покажуваат Арсенал и Борусија Дортмунд.
Јувентус за неговата слобода бара 20 милиони евра, па доколку споменатите клубови се спремни да ја платат таа сума трансферот може да се реализира во јануари.