Раководството на Јувентус планира да испрати понуда до фудбалерот на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи.




„Бјанконерите“ во текот на летото сакаат да ја засилат дефанзивата со 26-годишниот Швајцарец кој изјави дека нема намера да остане во редовите на „милионерите“.




Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Во Јувентус сметаат дека Аканџи ќе биде идеална замена за Киелини, кој ова лето го напушти клубот после 17 години.
Аканџи за германскиот клуб одигра 5 сезони откако беше привлечен од Базел во 2017 година и е спремен да направи чекор напред во кариерата.




Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот треба да изнесува околу 20 милиони евра.