Бразилскиот репрезентативец Каземиро не е задоволен на „Олд Трафорд“ и на лето сака да ја промени средината.
Тој не е во добри односи со тренерот Тен Хаг и жали што го напушти Реал Мадрид за да се пресели во Манчестер Јунајтед, кој и оваа сезона има слаби резултати.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Најсилен интерес за Каземиро покажуваат клубовите од Саудиска Арабија, но Бразилецот сака да остане во Европа.
Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус, кој е во потрага по квалитетен играч за врска, па ќе се обиде да го доведе во Торино.