Eкипата на Јувентус можеби полека се откажува од битката за титулата во Серија А сезонава, но во Торино сериозно работат на создавање на тим за наредната сезона.
Имено, денес клубот од Торино го потврди ангажманот на Мартин Браидо. Браидо е офанзивен фудбалер кој има само 16 години и во Јувентус пристигнува од аргентинскиот гигант Бока Јуниорс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој е првично ангажиран за академијата на Јувентус каде што ќе треба да се докаже за да добие шанса во првиот тим.
Аргентинските медиуми веќе го нарекуваа „новиот Дибала“, а исто така го следеше и Барселона. Јувентус за почеток му понуди договор на две години.