Јувентус се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.
Французинот ги одби понудите од Марсеј, Фенербахче и клубови од Саудиска Арабија во зимскиот преоден рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Марсијал на лето сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“, а силен интерес за него покажува и Интер.
Договорот на 28-годишниот Марсијал со „црвените ѓаволи“ истекува на 30 јуни 2024 година, па и Јувентус гледа шанса да го ангажира без обештетување.
Останува да видиме кој италијански гигант ќе ја добие битката за неговиот потпис.