Денес се затвора зимскиот преоден рок, а Јувентус веќе работи на летните засилувања. Италијанските медиуми тврдат дека главна цел ќе биде Мемфис Депај.
Депај влезе во последната година од договорот и сигурно на лето ќе го напушти Лион како слободен агент.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тој е слободен да преговара со заинтересираните клубови, а „бјанконерите“ сакаат што поскоро да постигнат договор со Холанѓанецот и уште сега да потпишат преддоговор.
Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Депај силен интерес покажуваат уште Барселона и Милан.