Дома Топ вести Јувентус му нуди трампа на ПСЖ

Јувентус му нуди трампа на ПСЖ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и ПСЖ спремаат трампа на своите ѕвезди.

Дибала на лето влегува во последната година од договорот, па Јувентус донесе одлука да го продаде и за неговата слобода бара 50 милиони евра.

Прва мета во нападот на „старата дама“ ќе биде Мауро Икарди, кој е спремен да го напушти ПСЖ на лето и да се врати во Серија А.

Со оглед на фактот дека „светците“ се заинтересирани за Дибала, Јувентус е спремен да му понуди трампа на ПСЖ.

Цената на двајцата фудбалери е приближна, па се очекува двата клува лесно да најдат заеднички јазик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Корона мерките не дозволија Амстердам да го види македонскиот навивачки дух

Стефан Даскалов за Спортски од Амстердам Од пред два дена македонската репрезентација е во…