Дома Фудбал Вакво нешто во Сити не се памети: Имаа рекордна заработка од продажба на фудбалери!

Вакво нешто во Сити не се памети: Имаа рекордна заработка од продажба на фудбалери!

Нови ветришта дуваат на Етихад. Навикнати сме да Манчестер Сити многу вложува за време на трансфер периодите. Но овој пат, доминира страната на приходите.

Ако сега заврши трансфер периодот, Манчестер Сити би остварил приход од продажба на играчи од 190 милиони евра, додека од расходи би имал 178 милиони евра. Ова е рекордна добивка во ерата на арапските сопственици.

И ова не е крај на приказната за приходите, бидејќи се очекува само официјализирање на заминувањето на Савиња и Мармуш во Тотенхем. Овие трансфери се очекува да донесат околу 150 милиони евра на Етихад, со што чистата добивка би изнесувала неверојатни 340 милиони евра!

Колку ова е необична ситуација за Сити најдобро се гледа од податокот дека во последните 20 години само уште еднаш имаат позитивен баланс кога станува збор за трансфери. Тоа се случи во сезоната 2022/23, кога разликата на страната на приходите изнесуваше скоро седум милиони евра.

Заминувањето на Гвардиола, промена на политиката? Или можеби Сити го чува најдоброто за крајот? Да се потсетиме, во овој трансфер период, Сити веќе заработи 61 милион евра од Рејндерс, 60 милиони од Родри, 47 милиони од Трафорд, 15 милиони од Аканджи, додека потроши 135 милиони евра за Елиот Андерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Toни Крос нема дилеми кој треба да ја освои „Златната топка“: Во овој момент е број еден во светот!

Веќе неколку седмици се води жешка дебата околу кандидатите за овогодишната Златна топка, …