Дома Фудбал Скандал: Уапсен српски фудбалер со тон ипол кокаин!

Скандал: Уапсен српски фудбалер со тон ипол кокаин!

Некогашниот фудбалер Урош Милошевиќ бил уапсен од полицијата при транспорт на огромна количина кокаин чија вредност надминува 70 милиони евра.

Иако овој 31-годишен десен бек не забележа посебен успех во својата кариера, има играно за младинските тимови на Чукарички, како и за клубовите Телеоптик, Раковица, Синѓелиќ, Жарково и Умка.

Интересен факт е што во сезоната 2018/2019, тој го носеше дресот на Жарково заедно со двајца поранешни дефанзивци од вечните ривали на Белград – Срѓа Кнежевиќ (Партизан) и Омега Робертс (Црвена звезда).

Милошевиќ во Првата лига на Србија има одиграно 85 натпревари и постигнато две асистенции, а неговата вредност до крајот на 2019 година се проценуваше на 150.000 евра.

Иако со години беше стандарден играч во втората лига, својата фудбалска кариера ја заврши уште во 2022 година на 27-годишна возраст. Потоа, се посвети на попрофитабилен, но многу поризичен нелегален бизнис.

Португалските медиуми тврдат дека кокаинот припаѓал на таканаречениот Балкански картел, а момчето родено во Белград било застанато на автопатот А6. Освен дрога, полицијата најде и две парчиња огнено оружје во неговото возило.

Спомената криминална групација наводно има база на југот на Шпанија и делува во неколку европски земји. Португалскиот брег го користеле за истовар на големи количини наркотични супстанци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус го раскина договорот со едно од своите најголеми промашувања во историјата

Италијанскиот спортски гигант Јувентус денес потврди дека договорот со бразилскиот фудбале…