После шпекулациите за интересот на Рома и Монако за Даниеле Ругани, сега се појавија информации дека 25-годишниот дефанзивец би можел да заврши на Камп Ноу.
Се чини дека интересот на Рома и Монако опадна, но Јувентус и натаму сака да го реши статусот на 25-годишниот стопер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден период се веруваше дека Ругани е иднината на дефанзивната линија на Јувентус, но тој повеќе не е во плановите на Маурисио Сари и Старата дама со оглед на тоа дека на Алијанц Арена пристигнаа Де Лихт и Демирал.
Тутоспорт тврди дека директор на Јувентус е на пат кон Барселона каде ќе разговара за евентуален трансфер на Ругани, а во Торино се надеваат дека Каталонците се уште се заинтересирани за неговите услуги.
Барселона се обиде да го донесе Ругани во 2018. година, исто како и Челси, но понудите тогаш беа одбиени бидејќи челниците на Јувентус во Ругани го гледаа наследникот на Барзагли.
Сепак, ситуацијата се промени, а наводно во Јувентус не се задоволни од напредокот на играчот.
Инаку, Ругани неодамна се поврзуваше и со Тотенхем кој наводно се согласил да му исплати 30 милиони на Јувентус, но Италијанецот не успеа да се договори со Спарси околу личните услови.