Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро може да ја продолжи кариерата во италијанска Серија А, пренесуваат тамошните медиуми.
32-годишниот Аргентинец на крајот на сезоната ќе биде слободен агент бидејќи му завршува договорот со Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Агуеро веќе добил официјална понуда од италијански гигант Јувентус и тоа за две сезони.
Агуеро преферира преселба во Барселона, која исто така е заинтересирана за напаѓачот, но не може да ги задоволи неговите финансиски барања.
Најдобрата понуда до сега наводно ја испратил Јувентус, кој на Агуеро му нуди 10 милиони евра по сезона.