Дома Трансфер зона Јувентус добива изненадувачко засилување од Барселона

Јувентус добива изненадувачко засилување од Барселона

Португалскиот агент Жорге Мендеш сака еден од своите клиенти да го продаде во Јувентус.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Нелсон Семедо би можел да ја продолжи кариерата во редовите на италијанскиот шампион.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Оваа сезона Семедо одигра 14 натпревари во дресот на Барселона, но планира да си замине од клубот и тоа во јануари со цел поредовно да игра во некој голем клуб.

Јувентус на таа позиција го има Данило, кој не игра стандардно и Де Шиљо кој не ги задоволува критериумите на тренерот Сари.

Поради тоа „бјанконерите“ веќе започнале преговори со Мендеш, но трансферот ќе зависи од цената која ќе ја постават Каталонците за својот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…