Дома Трансфер зона Јувентус го користи Закарија за да дојде до Ковачиќ?

Јувентус го користи Закарија за да дојде до Ковачиќ?

Според италијанскиот „Калчомеркато“, Јувентус покажал интерес за доведување на хрватскиот интернационалец, Матео Ковачиќ во овој преоден рок.

На раководството на Јувентус не му пречи тоа што Ковачиќ претходно настапуваше за Интер и Хрватот не би бил прв играч кој го носел дресот на лутиот ривал, а потоа пристигнал во Торино.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Јувентус смета дека може да го искористи тоа што тренерот на Челзи, Грем Потер сака да постигне договор за перманентен трансфер на Денис Закарија во Лондон. Швајцарецот во овој момент е на позајмица и Челзи започнал преговори да го откупи неговиот договор.

Според најавите „сините“ се спремни да го пуштат 28 годишниот Ковачиќ на кого договорот му истекува следното лето ако Јувентус во зделката го вклучи Закарија и дополати 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…