Дома Трансфер зона Јувентус веќе ја пронајде замената за Пјаниќ

Јувентус веќе ја пронајде замената за Пјаниќ

0

Миралем Пјаниќ игра уште една одлична сезона во дресот на Јувентус, но повторно се актуелни шпекулациите кои ги побрзуваат со Реал Мадрид, особено после враќањето на Зидан на клупата на „кралевите“.

Пјаниќ има договор со Јувентус до 2023. година, но италијанските медиуми пишуваат дека неговиот агент го „уценува“ шампионот од Серија А.

Поради тоа „бјанконерите“ се спремни да го пуштат плејмејкерот на крајот на сезоната доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус веќе почнал да ја бара замената за Пјаниќ, а прва желба е ѕвездата на Челзи, Нголо Канте.

Канте е еден од најважните фудбалери на Челзи и француската репрезетација, а во Торино сметаат дека би бил идеална замена за Пјаниќ и покрај фактот што сигурно доаѓа Арон Рамзи.

Сепак, на „бјанконерите“ воопшто нема да им биде лесно да го убедат Челзи да го пушти Французинот, а и конкренцијата ќе биде огромна.

Пјаниќ во дресот на Бјанконерите одигра вкупно 135 натпревари и постигна 19 гола, од кои четири гола оваа сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Ибрахимовиќ се враќа во Интер?

Италијанските медиуми утрово лансираа вистинска трансфер „бомба“ и тврдат дека Антонио Кон…