Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ со фантастичен трипл-дабл сруши рекорд на Чебрлен, но Денвер изгуби 🎥

Јокиќ со фантастичен трипл-дабл сруши рекорд на Чебрлен, но Денвер изгуби 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Денвер, но сега тој негов настап не беше доволен Денвер да слави. Сан Антонио славеа против нагетс со 120:128.

Натпреварот Јокиќ го заврши со трипл-дабл од 37 поени, 11 скока и исто толку асистенции. Со овој учинок Јокиќ сруши рекорд на Вилт Чембрлен како прв центар по далечната 1968 година кој има најмалку 33 натпревари двоцифрен број на поени. Треба да се спомене и дека Денвер го претрпе првиот пораз во кој Јокиќ стигна до трипл-дабл, низата изнесуваше неверојатни 25 победи.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Одлична вечер имаше и главниот конкурент на Јокиќ за наградата МВП во сезоната, Џоел Ембид. Ембид во победата на Филаделфија против Портланд постигна победнички кош на 1.1 секунда пред крајот со што го заврши натпреварот со 39 поени, а во тие моменти голем дел од салата му скандираше „МВП, МВП…“

Лејкерси продолжи да бележи добри резултати и без Леброн кој е повреден. Победата против Торонто од 122:112 им беше четврта во последните пет натпревари. Најефикасен беше Деанџело Расел со 28 поени, Денис Шрудер додаде 23, а Остин Ривс 18 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Портланд 120-119, Вашингтон – Атланта 107-114, Мајами – Кливленд 119-115, Минесота – Бруклин 123-124, Сан Антонио – Денвер 128-120, ЛА Лејкерс – Торонто 122-112.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …