Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ повторно демонстрираше моќ: Денвер сега има водство во серијата 🎥

Јокиќ повторно демонстрираше моќ: Денвер сега има водство во серијата 🎥

Aктуелниот шампион Денвер поведе со 3:2 во полуфиналето од Западната конференција откако со 112:97 триумфираше изминатата вечер против Минесота.

Благодарение на фантастичниот Никола Јокиќ кој одигра уште еден маестрален натпревар со 40 поени, 13 асистенциии, седум скока и без ниту една загубена топка, Денвер сега има водство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во игра гостите беа се до почетокот на третата четвртина каде што дојдоа и до минимална предност, меѓутоа потоа Денвер го крена нивото на игра и поведе со 13 разлика (76:63), а во последниот квартал разликата констатно беше двоцифрена.

Далеку зад Јокиќ беше Гордон со 10 поени и 10 скока, Мареј уфрли 16. На спротивната страна Таунс додаде 23, Едвардс застана на 18.

Со истиот резултат 3:2 во серијата води и Њујорк кој ја победи Индијана со 121:91. Тука блескаше Џејлен Брансон кој постигна 44 поени. Сиакам запиша 22 поени за Индијана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…