Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да блеска во НБА лигата, а изминатата ноќ го забележа и 109. трипл-дабл во НБА лигата.
Во НБА лигата низ годините се случувало да има кошаркари кои можат да положат топка со десна и лева рака, меѓутоа Јокиќ оваа вештина ја подигна на едно ново ниво. Имено, Јокиќ во текот на загревањето за вчерашниот меч покажа дека може да погодува тројки и со лева рака што е навистина реткост.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се уште левата рака во шутот за три не ја искористил на официјален натпревар, меѓутоа гледајќи го како погодува нема да биде чудно ако наскоро се случи и тоа.
Новинарите кои ја следат НБА лигата се изненадени од насоката во која оди кошаркарската еволуција на Србинот.
Jokic just draining left-handed threes 🃏
— Ball Don’t Lie (@Balldontlie) November 12, 2023
(via @nuggets)
pic.twitter.com/TVDcmrnJhb