Дома Фудбал Ѕвездата на Интер: Има ли подобар дефанзивец од мене? Не знам, но многу го сакам Гвардиол

Ѕвездата на Интер: Има ли подобар дефанзивец од мене? Не знам, но многу го сакам Гвардиол

АЛЕСАНДРО БАСТОНИ (25) има репутација на еден од најдобрите стопери во светот. Минатата сезона дефанзивецот на Интер беше прогласен за најдобар дефанзивец во Серија А, а сезоната пред тоа беше вклучен во најдобриот тим на Лигата на шампионите.

Поради тоа италијанскиот репрезентативец во интервју за миланскиот весник Либеро беше запрашан дали мисли дека има подобар дефанзивец од него.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Има ли подобар дефанзивец од мене? Не знам дали е подобар, но многу ми се допаѓа Јошко Гвардиол од Манчестер Сити“, одговори на тоа прашање Бастони и на тој начин покажа голема почит кон три години помладиот хрватски репрезентативец.

Гвардиол и Бастони играа еден против друг на овогодинешното Европско првенство во ремито меѓу Хрватска и Италија со кое избраниците на Златко Далиќ беа елиминирани од натпреварувањето, а се сретнаа и оваа сезона во Лигата на шампионите каде Сити и Интер одиграа 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …