Дома Фудбал Ѕвездата на Баерн ја продолжи верноста кон клубот

Ѕвездата на Баерн ја продолжи верноста кон клубот

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал ​​Мусиала го продолжи договорот со клубот до летото 2030 година, соопштија од минхенскиот тим.

21-годишниот офанзивен играч за врска ќе добие и зголемување на платата што сега ќе биде на исто ниво со англискиот напаѓач Хари Кејн, што значи околу 25 милиони евра во однос на претходните девет милиони.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


„Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Тука ги направив моите први чекори во фудбалот и уверен сум дека можам да постигнам големи работи со клубот во наредните години“, изјави Мусиала.

Детали за продолжување на соработката не се соопштени, но германските медиуми јавуваат за двојна трансфер клаузула од 175 милиони евра две години пред истекот на договорот и 100 милиони евра година пред тоа.

Баерн е на првото место во Бундеслигата, со осум бода повеќе од второпласираниот Баер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ѝ се закани на Ла Лига

Шпанскиот гигант Реал Мадрид синоќа соопшти дека нема да се согласи да одигра уште еден на…