Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Имам изливи на бес, но тоа е дел од мене

Ѓоковиќ: Имам изливи на бес, но тоа е дел од мене

Во дуелот со Жаиме Фарија во второто коло на Австралија опен, на Новак Ѓоковиќ му излетаа неколку пцовки, имаше и моменти на бес, а освојувачот на 24 гренд слем титули вели дека и тоа е дел од него, иако тоа не е пораката што би сакал да ја испрати во јавност.

„Постојат универзални кодекси на однесување, правила и вредности за кои сите се залагаме во спортот и пораки што сите се обидуваме да ги испратиме со нашите настапи, но и со начинот на кој зборуваме, како комуницираме со публиката, посебно со младите луѓе кои најмногу ми значат“, вели Ѓоковиќ и додава:

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Тешко е секогаш да си во идеална, оптимална состојба, и психичка и емотивна, постојано да се претставуваш на вистинскиот начин. Свесен сум дека често не се претставувам себе си на најдобар начин. Често имам изливи на нервоза и бес на теренот што не ги сакам, но тоа сум јас. Тоа се работи со кои и јас се борaм, на моето ниво. Независно од тоа што сум одиграл над 1.000 мечеви и колку турнири досега, што имам искуство… Знам дека понекогаш работите ќе се повторат, едноставно – човек си од крв и месо и тогаш кога си под притисок, нешто што не сакаш – излегува. Тоа е моја лекција и животен пат што си го креирам. Се обидувам да бидам подобра верзија на себе“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер денеска игра за трофејот што го нема и првото место на АТП листата на седум денa

Во финалето на АТП мастерс од серијата 1.000 денес од 15 часот играат вториот тенисер во с…