Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го препушти врвот на АТП, но сега не е ниту втор!

Ѓоковиќ го препушти врвот на АТП, но сега не е ниту втор!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ од денеска и официјално го препушти врвот на АТП листата на Јаник Синер.

Синер на Ролан Гарос стигна до полуфиналето, а со тоа дојде до 9.525 бодови, додека втор сега е Карлос Алкараз со 8.580. Ѓоковиќ кој поради повреда се повлече од грен-слемот во Париз е трет со 8.360 бодови, четврти е Зверев со 6.885, Медведев, пети со 6.485…


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Ѓоковиќ со минатата недела дојде до 428 недели на врвот на АТП, а во низа ја држеше лидерската позиција во последните 39 недели.

Со оглед на годината и формата која не е најдобра дел од јавноста смета дека Ѓоковиќ повторно нема да го видиме на врвот, меѓутоа никој секако не смее да го отпише Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Европското првенство засега е во знак на – балканските тужби!

Европското првенство во Германија започна пред седум дена, а УЕФА имаше полни раце работа …