Дома Фудбал Што е Супер Златна топка? Доделена е само еднаш, а следната награда е во 2029 година.

Што е Супер Златна топка? Доделена е само еднаш, а следната награда е во 2029 година.

Бурни реакции предизвика овогодинешното доделување на Златната топка, престижна награда која секоја година ја доделува францускиот весник Франс Фудбал.

Наградата ја освои Родри, играчот за врска на Манчестер Сити и на шпанската репрезентација, но многумина веруваа дека наградата требало да ја добие Винисиус Жуниор, крилниот напаѓач на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација.


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Реал Мадрид беше особено незадоволен од резултатот и неговите претставници ја бојкотираа церемонијата веднаш штом дознаа дека Златната топка ќе му припадне на Родриго.

Оваа одлука предизвика повеќедневна медиумска приказна, а шпанските медиуми ја потсетија јавноста на постоењето на посебното признание – Супер Златната топка. Тоа е наградата за најдобар меѓу сите досегашни добитници на Златната топка, а доделена е само еднаш, на 26 декември 1989 година, кога Алфредо ди Стефано ја доби таа единствена награда.

Таа година Марко ван Бастен ја освои својата втора Златна топка, но Франс Фудбал реши дополнително да награди еден од шесте фудбалери. Ди Стефано потоа победи пред трикратните победници Јохан Кројф и Мишел Платини, додека во игра беа и Франц Бекенбауер, Кевин Киган и Карл-Хајнц Румениге.

Ди Стефано, легендарниот лидер на тимот на Реал од 1950-тите, ја освои Златната топка во 1957 и 1959 година. Следното доделување на Супер Златната топка се очекува во 2029 година, а главни фаворити за освојување на оваа ретка чест се Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлични вести за Артета, се враќа Одегард

Микел Артета денеска изјави дека капитенот Мартин Одегард е во завршна фаза од неговото оп…