Дома Фудбал Репрезентации Шпанија преку драма дојде до продолженија, па ја разби Брегот на Слоновата Коска 🎥

Шпанија преку драма дојде до продолженија, па ја разби Брегот на Слоновата Коска 🎥

Фудбалската репрезентација на Шпанија се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри откако во Токио славеше против Брегот на Слоновата Коска со 5:2.

Видовме еден возбудлив натпревар, а на крајот Шпанија со многу среќа се избори за продолженија каде што го разби противникот.

Ерик Баи во 10. минута ја доведе Брегот на Слоновата Коска во водство, Олмо изедначи после половина час на 1:1. На најголемите возбудувања се чекаше до 90. минута. Гардел во првата минута од судиското продолжение погодува за водство од 2:1 на БСК, но Шпанија се спаси во последен момент.

Само што влезе во игра Рафа Мир погоди за 2:2, потоа во продолженијата „Фуријата“ доминираше и дојде до конечни 5:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Шериф Тираспол на Бобан Николов го приреди најголемото изненадување во поновата историја н…