Дома Македонски спорт Шоу на Македонците во Унгарија: Блескаа Николов и Илиевски!

Шоу на Македонците во Унгарија: Блескаа Николов и Илиевски!

Maкедонските фудбалери имаа свој ден на натпреварот во Унгарија помеѓу Кишварда и Ујпешт во рамките од 17. коло во шампионатот на Унгарија.

Марио Илиевски и Бобан Николов беа творци на сите четири гола на Кишвардар во победата од 4:0. Младинскиот напаѓач беше стрелец на два гола и асистент за третиот, четвртиот со мајсторски волеј удар го постигна Николов кој во улога на асистент беше при првиот гол на Илиевски.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Натпреварот беше отворен уште во 34. минута кога по одличната акција и асистенцијата на Николов, Илиевски го отвори резултатот.

На стартот од вториот дел во 47. минута Илиевски асистираше на Навратил за 2:0. Само шест минути подоцна Илиевски го постигна својот втор гол за 3:0. По нешто повеќе од еден час игра Николов со волеј удар од 18 метри го постави конечниот резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…