Дома Македонски спорт Шок од Франција: Војдан заработил тешка повреда на коленото!

Шок од Франција: Војдан заработил тешка повреда на коленото!

Еден од најдобрите и најискусни кошаркар на Македонија Војдан Стојановски заработи тешка повреда во француски Гравелин и за него сезоната многу веројатно е завршена.

Како што е објавено од француските медиуми, Стојановски на еден од тренинзите пред натпреварот со Стразбур сериозно го повредил коленото. Лошите вести ги потврди самиот Војдан.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Се случи во оние моменти кога најмалку очекуваш, односно кој не може да се повреди. Почувствував како левото колено ‘излезе’ од некоја нормална положба. Знаев дека нешто не е во ред, и како што треба. Лекарскито тим веднаш организираше снимање со кое беше потврдено кинење на предниот вкрстен лигамент на коленото. Тоа е животот, ако ништо друго ќе земам одмор, макар и ваков, кој ми беше потребен. Се надевам дека во наредните денови менаџментот на клубот ќе ја организира операцијата. Сакам да го решам тоа што е можно побрзо. Да влезам во процес на рехабилитација, и да се вратам посилен од било кога “- потврдува нашиот капитен за тешката повреда.  

Ќе споменеме дека братот на Војдан, Дамјан претходно два пати се опоравуваше од ваква тешка повреда. Најавите не се добри и Стојановски веројатно го чека пауза од најмалку шест месеци.

Тоа е силен удар и за нашиот национален тим, кој во текот на летото, поточно во август го чекаат натпреварите од втората фаза на претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година, а потоа и стартот на квалификациите за ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…