Дома Фудбал Останато Шок: Клубот кој на светот му го „подари“ Кристиано Роналдо е пред банкрот!

Шок: Клубот кој на светот му го „подари“ Кристиано Роналдо е пред банкрот!

Ситуацијата е сериозна, ако не пронајдат решение ќе бидат исфрлени од првата лига…

Како што пишува „А Бола“ португалски Спортинг се наоѓа пред банкрот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Славниот клуб од Лисабон има пари само за до април и се во големи долгови. Повеќе од 40 милиони евра им се потребни до јуни што значи дека не можат да продаваат играчи, па прашање е дали ќе ја завршат сезоната.

За фудбалскиот свет би било навистина шокнатно клубот кој 18 пати беше шампион во првенството 16 пати купот да банкротира. Спортинг има и европски трофеј од КПК (Купот на победниците на Куповите) од 1964 година. Тие се во сенка на Бенфика и Порто, но важат за клуб кој ја има една од најдобрите школи во фудбалот.

Од овој клуб потекнуваат голем број фудбалски ѕвезди, доволно е само да се каже дека Спортинг на светот му го подари Кристиано Роналдо.

„А Бола“ ги пренесува зборовите на претседателот Варанадас дека ситуацијата е многу лоша. Тој ќе направи се и ќе се обиде да го избегне најлошото. Вкупниот долг за оваа сезона е 65 милиони евра и како што кажавме 40 мораат да бидат исплатени до јуни, во спротивно ќе банкротираат или ќе бидат исфрлени во аматерските лиги.

Во овој момент за Спортинг настапува македонскиот фудбалер Стефан Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…