
Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓
Голема трагедија го погоди македонскиот ракомет откако утрово почина, Андон Бошковски еден од најпознатите тренери во државава.




Како играч Бошковски го носеше дресот на Работнички, а беше и дел од кадетската репрезентација. Кариерата мораше да ја заврши премлад поради повреда на раката.




Токму во Работнички каде што ја заврши играчката ја почна и тренерската кариера. Подоцна беше асистент тренер во Металург со кого стана македонски шампион и играше во ЛШ. Од Металург седна на клупата на Младост Богданци, за во 2011 година повторно да се врати во Автокоманда.




Еден период од кариерата помина и како помошник на Веселин Вујовиќ, а кратко беше и прв тренер на црвено црните. Подоцна рабптеше во Еурофарм Работник, Струга, Голден Арт, Радовиш, а до минатата година го водеше косовскиот Вучитрн.




Во периодот од 2008 до 2013 година беше дел од стручниот штаб на македонската репрезентација.



