Светскиот рекордер во маратон, Келвин Киптум загина на 24-годишна возраст во сообраќајна несреќа.
Со Киптум загина и неговиот тренер Жерваис Хакизимана, а по трагичната вест се јави првиот човек на светската атлетика, Себастијан Коу.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
„Шокирани сме и тажни поради огромната загуба на Киптум. Ова е голема загуба за спортот. Испраќаме сочувство до нивните семејства, пријатели и колеги“, кажа Коу.
Светскиот рекордер излетал на делницата Елдорет-Каптаг и со голема брзина се забил во дрво, но автомобилот паднал во канал кој бил во близина. Од силината на ударот автомобилот бил целосно уништен на едната страна. Киптум излетал од него и бил пронајден мртов на лице место од првите очевидци.
Сведоците на настанот откриваат дека неговиот тренер Жеавис Хакизимана го преживеал ударот, меѓутоа во болницата и подлегнал на тешките повреди. Во автомобилот имало и трето лице кое поминало само со полесни повреди.
We are shocked and deeply saddened to learn of the devastating loss of Kelvin Kiptum and his coach, Gervais Hakizimana.
— Seb Coe (@sebcoe) February 11, 2024
On behalf of all World Athletics we send our deepest condolences to their families, friends, teammates and the Kenyan nation.
It was only earlier this week in… pic.twitter.com/dDBKgjXNKL