Дома Останати Таткото на Киптум: Пред четири дена го бараа четири непознати лица…

Таткото на Киптум: Пред четири дена го бараа четири непознати лица…

Пред два дена во светот одекна веста за смртта на атлетичарот Келвин Киптун кој со само 24 години беше рекордер на маратоните.

Киптум постави најдобар резултат на сите времиња на маратоните на само неговиот трет официјален маратон во кариера (два часа и 35 секунди). Најавите беа и дека може да стане првиот човек кој истрчал 42 километри за помалку од два часа, но за жал неговиот живот прерано згасна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Информациите кои пристигнаа од Кенија беа дека Киптум загинал во сообраќајна несреќа откако излетал од колвозот и се забил во дрво покрај патот. Со него во автомобилот бил неговиот тренер кој им подлегнал на повредите, како и уште едно лице кое поминало само со повреди.

Но, сега во јавноста се појавија сомнежи поради изјавата која ја даде неговиот татко. Таткото на Киптум побарал Владата целосно да го истражи случајот и местото на несреќата.

„Пред неколку дена четири непознати лица го бараа Киптум, не сакаа да се идентификуваат. Побарав за да му пренесам, но не сакаа да кажат зошто го бараат и си заминаа. Се надевам дека полицијата добро ќе си ја заврши работата.

Киптум беше мојот единствен син, ме остави мене, ја остави својата мајка, сопруга и своите деца. Уништен сум од болка. Зборував со него пред извесно време и ми кажа дека же дојдат луѓе и ќе ни помогнат да изградиме куќа. Ми зборуваше и дека е во одлична форма да истрча маратон за еден час и 59 минути“, раскажал низ солзи Самсон

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…