Дома Фудбал Останато Шокантна исповед на играчот кој замина од Рома: Почнува тренингот и секој прави – што сака!?

Шокантна исповед на играчот кој замина од Рома: Почнува тренингот и секој прави – што сака!?

Рик Красдроп нема по добро да ја памети својата авантура во Рома.

Левиот бек кој е позајмен во Фејенорд до јуни 2020 година без влакна на јазикот ја критикуваше атмосферата која владее во римскиот клуб.

„Во Тригорио често те оставаат сам…Некои играчи си се шетаат пет минути после почетокот на тренингот, додека некои веќе поминале два часа во базен. Имаше тренинзи кога со никого не зборуваше, секој прави нешто свое. Кога бев во Рома навистина бев шокиран. Каква атмосфера е тоа!?“, изјави Красдроп во разговор за „Воетбал Интернационал“.

Тој е среќен што заминал.

„Во текот на припрем верба во самиот себе. Заминувањето? Му падна голем товар од грбот, исчезна целиот притисок кога дознав дека заминувам“, отворено зборуваше фудбалерот.

Тешки зборови од Красдроп кој дополнително го оддалечуваат од Рома и откако ќе му истече позајмицата во Фејенорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…