Подолг период управата на Шкупи има проблеми со сопствените навивачи или барем со поголем дел од нив. Денеска клубот се огласи со соопштение во кое ги предупредува фановите дека мерките за присуство на стадионот ќе биде построги.
Клубот од Чаир соопшти дека фановите кои ќе употребуваат експлозивни материи ќе бидат избркани од стадионот и дополнително казнети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ги замолуваме навивачите да не носат забранети експлозивни материи кои би се палеле на стадионот. Сите во клубот се бориме против оние кои сакаат да бидеме казнети, оние кои не се од од нас, а се однесуваат како наши фанови. Безбедносните мерки на стадионот ќе биде заострени и со поддршка на полицијата навивачите ќе се бркаат од стадионот и ќе добиваат дополнителни казнети кои би вклучувале и можна забрана за влез повторно. Против нив по идентификувањето преку безбедносните камери ќе бидат преземени дејствија од надлежните органи“, објави чаирскиот клуб.
Веќе в недела Шкупи го чека нов натпревар на домашен терен и тоа против Тиквеш со почеток од 14:00 часот.