Дома Македонски спорт Шишковски: Македонската јавност верува во нас затоа што ние докажавме дека можеме!

Шишковски: Македонската јавност верува во нас затоа што ние докажавме дека можеме!

Македонија на стартот на јуни на ја очекуваат четири натпревари против Бугарија (2. јуни), Гибралтар (5. јуни), Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни) од групата 4 во Ц сегментот.

Голманот Дамјан Шишковски знае дека јавноста очекува одлични резултати и во овој циклус.

„Македонската јавност очекува многу затоа што ние докажавме дека можеме многу како што беше и против Италија и против Португалија, но и наназад повеќе натпревари. Ние сме максимално спремни за тие четири натпревари. Подмладени сме со млади фудбалери, но тоа се фудбалери кои се првотимци во своите тимови“.

Сите се спремни, а на селекторот е да одлучи кој ќе игра.

„Селекторот најави дека сите ќе настапат, тоа е нормално затоа што не чекаат четири натпревари во десет дена, наше е максимално да тренираме. На секој собир сме максимално спремни да одговориме, а на селекторот е да одлучи дали ќе направи промени“.

Добро знаат што бара селекторот од нив.

„Се познаваме со селекторот 5-6 години од младите селекции и добро знаеме што сака од нас. Исто така и младите кои сега се приклучија, поминаа низ таа селекција. Со резултатите направивме сите да веруваат, се што можам да ветам е дека ќе одиме на победа во секој натпревар и ќе дадеме се од себе за победа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Историски успех: Ивановски во четвртфинале на Вимблдон

Македонскиот тенисер Калин Ивановски постигна историски успех и се пласираше во четвртфина…