Дома Фудбал Останато Човекот кој му го пронајде кучето ќе го тужи Стариџ

Човекот кој му го пронајде кучето ќе го тужи Стариџ

Поранешната ѕвезда во англискиот фудбал Даниел Стариџ ќе мора да плати 30.000 долари на момче кое во 2019 година му го пронајде кучето.

Судот во Лос Анџелес донесе одлука во корист на Фостер Вашингтон, кој го тужеше Стариџ затоа што не му ја исплатил ветената награда. На англискиот фудбалер му било украдено кучето од домот во Лос Анџелес, а Стариџ вети награда на социјалните мрежи за тој кој ќе го пронајде.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Вашингтон, кој се занимава со музика, го пронашол кучето и го вратил на фудбалерот, но награда не добил, па решил да се тужи на Суд.

„Се надевам дека ќе ми ја исплати наградата и нема да се жали. Се борам за своите права и ветената награда“, вели Вашингтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Премиер лигата ја „обвини“ УЕФА поради скратениот Boxing day

Дефинитивно е потврдено дека, за разлика од претходните години, на познатиот „Boxing day“ …