Дома Топ вести Чистка на „Олд Трафорд“: Солскјер го „пречкрта“ и Лукаку

Чистка на „Олд Трафорд“: Солскјер го „пречкрта“ и Лукаку

0

Без разлика на исходот на сезоната, сигурно е дека на лето ќе има големи промени на тимот во Манчестер Јунајтед.

Солкјер откако доби тригодишен договор, ќе добие и одврзани раце да креира тим по своја мерка.

Англиските медиуми пренесуваат дека Солскјер дал зелено светло за продажба на Ромелу Лукаку и Манчестер Јунајтед е спремен да ги слушне понудите за белгискиот репрезентативец.

Лукаку падна во сенка на Маркус Рашфорд, Солскјер едноставно преферира друг тим на напаѓачи и планира со неговата продажба да го зголеми буџетот за доведување на крилен напаѓач.

Лукаку во моментов заработува 200.000 фунти неделна плата, а од „Олд Трафорд“ ќе си заминат неколку фудбалери со големи плати. Прв на листата е Алексис Санчез кој зема 350.000 фунти неделна плата, а тука се уште Хуан Мата и Антонио Валенсија.

Најсилен интерес за Лукаку во моментов покажуваат ПСЖ, Интер и Баерн Минхен, а „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат најмалку 80 милиони евра.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Три ѕвезди на Јувентус најавија заминување поради Роналдо

Од неговото доаѓање во Јувентус се се врти околу Кристиано Роналдо, па италијанските медиу…