Дома Топ вести Чистка во Баерн: Баварците се ослободуваат од осум ѕвезди!

Чистка во Баерн: Баварците се ослободуваат од осум ѕвезди!

Баерн Минхен на крајот на сезоната спрема голема „листка“ и ќе се ослободат од неколку првотимци.

„Билд“ ја објави ексклузивната вест и тврди дека Баварците на лето ќе се ослободат од дури осум ѕвезди, а меѓу нив е и Филипе Кутињо.

Бразилецот ова лето пристигна во Баерн на позајмица од Барселона, но Бавраците нема да ја искористат можноста да го откупат неговиот договор.

На негово место Баерн сака да го донесе германскиот репрезентативец и член  на Манчестер Сити, Лерој Сане чиј трансфер ќе изнесува околу 100 милиони евра.

Покрај Кутињо, на излезна врата од „Алијанц Арена“ се Иван Перишиќ, Мануел Ноер, Жером Боатенг, Хави Мартинез, Томас Милер, Давид Алаба и Тиаго Алкантара.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Една од најголемите ѕвезди во НБА позитивен на коронавирус!

Koшаркарот на Хјустон рокетс, Расел Вестбрук преку социјалните мрежи потврди дека е заразе…