Еден од најголемите гении во светот на фудбалот – Јохан Кројф си замина од овој свет на 24-ти март 2016 година. Холандскиот фудбалски гуру не напушти на 68-годишна возраст, но остави голема трага и на денешниот фудбал.
Кројф својата слава ја стекна со успесите во Ајакс, Барселона и холандската репрезентација, но останува познат по тоа што остави силен белег на модерниот фудбал и неговото влијание врз играта е огромно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ел Флако“ е еден од основоположниците на Тоталниот фудбал во 70-те години, а го 90-те целосно ја променува фудбалската филозофија и во каталонскиот гигант Барселона. Во 1974 година не успеа да ја однесе Холандија на врвот на светот и тоа му е неговото најголемо разочарување – загуби во финалето на Мундијалот.
Кројф има осум шампионски титули во Холандија, а со Ајакс три пати триумфираше во Лигата на шампиони. Пред да пристигне на Камп Ноу како фудбалер, тој веќе е вистинска ѕвезда. Уште во својата прва сезона во Барса ја прекинува 14-годишната „суша“ и им носи титула на Каталонците. Како играч три пати ја доби престижната награда „Златна топка“.
Крој станува легенда и како тренер,менувајќи ја комплетно филозофијата и историјата на Барселона. Ја освои титулата во Примера четири пати и за прв пат го однесе Каталонцоте на врвот на Европа.