За најдобар тренер на екс-ју просторите за сезоната избран е Лино Червар. Во анкетата на специјализираниот сајт за ракомет „Балкан-Хендбол“ Червар доби најголем број на гласови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Червар ја победи конкуренцијата најмногу поради тоа што го освои Европското првенство во 2020 година. Инаку ова е втор пат Червар да ја добие оваа награда. Претходно беше избран во 2014 година.
Наградата се доделува од 2013, а од тогаш најмногу ја освојуваше Веселин Вујовиќ дури три пати.
НАЈДОБРИТЕ ТРЕНЕРИ:
2013 – Драган Аџиќ
2014 – Лино Червар
2015 – Веселин Вујовиќ
2016 – Веселин Вујовиќ
2017 – Веселин Вујовиќ
2018 – Велимир Петковиќ
2019 – Данило Брестовац
2020 – Лино Червар