Лино Червар кој во минатото ја предводеше и Македонија и понатаму следи што се случува во македонскиот ракомет.
Червер смета дека преголемите инвестиции на Сергеј Самснонеко во Вардар може ја донеле Лигата на шампионите, но македонскиот рекомет од тоа не добил ништо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кога бев во Македонија постоеа две страни. Мојата страна беше да веруваме во нашите деца и да создаваме ракометари и за тимот и за репрезентацијата. Другата струја беше онаа на Вардар. Дојде богатиот Русин купи се и ја освои Лигата на шампионите. Но што доби од тоа македонскиот ракомет? Ништо! Таквата стратегија носи само краткотрајни задоволства“, изјави Червар.