Дома Македонски спорт Мак ракомет Червар најави заминување од Металург!

Червар најави заминување од Металург!

Лино Червар, доскорешниот селектор на македонската репрезнетација, во изјава за хрватските медиуми го најави своето заминување од клупата на Металург.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Червар, кој преку писмо испратено на адреса на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се раздели од националниот тим, наскоро ќе замине и од клупата на Металург.

„Таму минав седум прекрасни години. Ќе видам уште колку време ќе седам на клупата на Металург. Мекедонија ќе ми остане во убаво сеќавање. Заминувањето не е лесно, но знаете дека дома секогаш е најубаво“, изјави Червар.

Червар в сабота ќе биде промовиран во нов селекторт на репрезентацијата на Хрватска, од чија клупа замина во 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…