Дома Топ вести Челзи тргнува по ѕвездата на Фиорентина!

Челзи тргнува по ѕвездата на Фиорентина!


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓



Италијанските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте по секоја цена сака да го донесе крилниот фудбалер на Фиорентина и италијански репрезентативец, Федерико Бернардески.

Медиумите тврдат дека Конте веќе го контактрал играчот кој сака да се пресели во Челзи и ќе инсистира до управата да му дозволи трансфер на „Стенфорд Бриџ“.

22-годишниот фудбалер е еден од најталентираните италијански фудбалери и идеално би се вклопил во системот на Конте со оглед на фактот што може да игра и на десната и на левата страна во формација од 3-4-3.

Сепак, за Фиорентина да се согласи на негова продажба „сините“ ќе треба да кешираат најмалку 25 милиони евра, а интерес за играчот покажуваат уште Милан, Интер и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан и Рома во битка за потписот на Тилеманс

Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓ Пл…