Челзи не се откажува од намерата до крајот на преодниот рок да го реализира трансферот на Весли Фофана од Лестер.
„Сините“ се во потрага по квалитетен дефанзивец, а Фофана е примарна трансфер цел на Томас Тухел.
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
„Лисиците“ веќе одбија една понуда од 70 милиони фунти, но сега самиот фудбалер притиска за трансфер.
Новинарот Фабрицио Романо тврди дека Челзи спрема финална офанзива и е спремен да понуди 89 милиони евра, со што Фофана ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата.
Се верува дека Лестер ќе попушти на оваа понуда, бидејќи тоа е сумата што ја бара за слободата на дефанзивецот и трансферот ќе се реализира во наредните денови.